Компанијата од Мајами е блиску до преземање на Евертон

Компанијата-од-Мајами-е-блиску-до-преземање-на-Евертон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компанијата „777 Партнерс“ од Мајами е блиску до постигнување договор за преземање на англискиот Евертон.
Инвеститорите разговарале за преземање на клубот со мнозинскиот сопственик Фархад Мошири, откако беше објавено дека њујоршката групација „MСП спорт капитал“ го раскинала ексклузивниот договор со Мошири, објави Скај спорт.


Групата „777 Партнерс“ веќе има неколку клубови под свое владение, како Севилј, Херта Берлин и Стандард Лиеж. Навивачите на белгискиот клуб ја критикуваа таа компанија и нејзиниот бизнис на последниот натпревар.

Како што е наведено од Скај спорт, групата „777 Партнерс“,ќе го преземе Евертон веднаш откако ќе се исполнат сите услови во Премиер лигата, што може да потрае неколку месеци.

Мошири во февруари изјави дека Евертон не е на продажба, но сега се чини дека е подготвен да го продаде клубот.

И покрај повеќе од 750 милиони фунти инвестиции од 2016 година, навивачите на Евертон се незадоволни од сопствениците на клубот.

Минатата сезона одржаа протест на „Гудисон Парк“, и побараа Мошири и управата да го напуштат клубот. Евертон има само еден бод во Премиер лигата на првите четири натпревари оваа сезона и е 18. на табелата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK