Илјадници поддржувачи на каталонската независност излегоа на улиците на Барселона на марш по повод Националниот ден на тој шпански регион.
Демонстрантите носеа црвени, жолти и сини знамиња „Естелада“ и извикуваа слогани барајќи отцепување на Каталонија од Шпанија, објави Ројтерс.
Тие се собраа на шпанскиот плоштад каде им се обратија лидерите на движењето за независност.
Одѕивот на овогодинешните манифестации беше релативно низок во однос на претходните, пренесува медиумот.
Полицијата процени дека се собрале околу 115.000 луѓе, а организаторите на маршот соопштија дека учествувале 800.000.
Посетеноста е помала во последниве години, бидејќи поддршката за отцепување од Шпанија е намалена, според Ројтерс.