Голема медитеранска бура синоќа и утринава ја зафати источна Либија, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а беа оштетени домови и патишта, соопштија медицински извори. Седум припадници на либиската национална армија се водат како исчезнати, изјави портпаролот на ЛНА, Ахмад Месмари.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат луѓе заглавени на покривите на нивните возила обидувајќи се да добијат помош во големите поплави откако бурата Даниел ги погоди градовите Бенгази, Суза, Ал Бајда, Ал-Марџ и Дерна.
Our hearts are with the people of Libya .. May God assist them. ❤🇱🇾#Libya #إعصار_دانيال #انقذوا_الشرق_الليبي #ليبيا pic.twitter.com/tzYqAdH5ZR
— Algeria Mix II (@AlgMiix) September 11, 2023
„Спиевме и кога се разбудивме, видовме вода околу куќата. Внатре сме и се обидуваме да излеземе“, изјави утринава телефонски за Ројтерс жителот на Дерна, Ахмед Мохамед.
Операциите за пребарување и спасување се во тек, изјавија очевидци. Властите прогласија вонредна состојба, затворија училишта и продавници и воведоа полициски час. Четирите големи нафтени пристаништа во Либија, Рас Лануф, Зуеитина, Брега и Ес Сидра, се затворени од саботата навечер веќе три дена, изјавија за Ројтерс двајца нафтени инженери.
Премиерот на привремената влада на Триполи, Абдулхамид Дбеиба, во неделата изјави дека им наредил на сите државни агенции веднаш да се справат со штетите и поплавите во источните градови.
Обединетите нации во Либија соопштија дека внимателно ја следат бурата и „ќе пружат итна помош за поддршка на напорите за локална и национална реакција“.