Украинските сили повторно ја презедоа контролата од Русија на неколку платформи за нафта и гас во близина на Крим, објави во денеска украинската воена разузнавачка служба ГУР.
Во објава на Телеграм, апликација за пораки, се вели дека силите на Киев повторно зазеле платформи претходно окупирани од Русија.
NEW: #Ukraine‘s military intelligence (GUR) claims to have recaptured the “Boiko Towers” drilling rigs in the Black Sea, after clashing with Russian.
GUR says “Russia occupied them [Boiko Towers] in 2015, and with the beginning of the full-scale invasion, used them for military… pic.twitter.com/m4v6WhtoF4
— Michael A. Horowitz (@michaelh992) September 11, 2023
Се вели дека платформите се окупирани од Русија од 2015 година, која го зазеде и анектираше Крим во 2014 година, а Москва ги користи за воени цели од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Русија се уште не го коментираше извештајот. Ројтерс не можеше независно да ги потврди информациите за ГУР.
„За Украина, повторното преземање на контролата врз платформите е од стратешко значење и, како резултат на тоа, Русија ја изгуби способноста да ги користи за воени цели“, тврди ГУР во видеото објавено на Телеграм.