Двајца повредени во сообраќајка кај граничниот премин Пелинце, со „ауди“ излетале надвор од коловозот

soobrakajka-1-696x464.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 07.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат село Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце, во атар на село Алгуња, општина Старо Нагоричане, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Г.П. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.


– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 20-годишната М.П. од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK