Мечка влезе во дворот на експратеникот Пајкоски во Жировница: „Ни останува сами да се штитиме“

Мечка-влезе-во-дворот-на-експратеникот-Пајкоски-во-Жировница-„Ни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мечка влегла во дворот на поранешниот пратеник на СДСМ, Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше.



За мечката, Пајкоски обајви на социјалните мрежи, споделувајќи и фотографии на кое може да се види како животното претура во корпата за отпадоци во потрага по храна.

Тој раскажа дека мечката била забележана викендов, во текот на ноќта.

„Да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца“, напиша експратеникот додавајќи дека очигледно им преостанува да се самоорганизираат и да се штитат со се што располагаат“, напиша Пајкоски.

Изминатите месеци во повеќе наврати осамнаа објави за зголемено присуство на мечки во општината. Пред два месеци од Месната заедница „Галичник“ објавија дека мечки им влегуваат во селото и побараа од надлежните да дејствуваат.

Тие тогаш кажаа дека мечките претураат по контејнерите и кај населението постои страв, но сепак, не бараат дозвола за отстрел и според нив тоа треба да биде последна опција за решавање на проблемот.

Мечка неодамна беше забележана и на патот од селото Велебрдо према Битуше.

Надлежно министерство на Националниот парк „Маврово“ – Маврови Анови е Министерството за животна средина и просторно планирање, односно Секторот за природа.

Согласно член 16 Законот за ловството Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да го дозволи ловот на трајно заштитен дивеч, ако прави штети во ловиштето или на корисникот, односно сопственикот на земјиштето и водите по претходно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK