Антони отстранет од тимот на Манчестер јунајтед

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилскиот фудбалер Антони се договори со Манчестер jунајтед да го одложи неговото враќање во клубот, откако беше обвинет за насилство врз поранешната девојка.


„Манчестер Јунајтед е информиран за обвинувањата против Антони. Од играчите кои немаат меѓународни обврски се бара да се вратат на тренинзите во петок. Сепак, договорено е со Антони да се одложи неговото враќање додека не се преземат понатамошни чекори во врска со обвинувањата. Како клуб ние ги осудуваме сите акти на насилство и вознемирување. Ја препознаваме важноста на безбедноста на сите кои се наоѓаат во оваа ситуација“, се вели во соопштението на клубот од „Олд Трафорд“.

Од истите причини Антони не игра за репрезентацијата на Бразил, иако доби повик од селекторот за натпреварите во септември.

Мејсон Гринвуд неодамна имаше слична ситуација во Јунајтед. Тој беше обвинет за насилство и силување, поради што беше исклучен од тимот, но тие обвиненија беа отфрлени. Гринвуд на крајот беше испратен на позајмица во Гетафе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK