AлтернАтивА: Пендаровски наместо Народен Претседател одлучи да му служи на партискиот интерес за неказнивост!

ALTERNATIVA-960x417-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Искрено жалиме што ПРСМ избра погрешна страна. Неговиот потпис на указот за прогласување на срамните измени на КЗ е најлошата можна честитка на

32 годишнината од независноста на државата. Наместо со народот се здружи со анти народните партии кои заради неказнивост на криминалните дела со корупција во своите редови го урнисаа уставно правниот поредок.


Од денес Господинот Пендаровски нема никакво право да зборува било што на темата корупција и ЕУ перспективите на Северна Македонија. Тој стави свој потпис на амнестијата на безочното богатење на избраните и именуваните лица врз грбот на граѓаните во периодот 2006-2023.

Оваа дамка ќе го одбележи крајот на неговата политичка кариера.

Скопје, 08.09.2023

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK