СДС и ДУИ си ги амнестираа криминалите, Левица им помогна и не гласаше против.
Шест години функционерите на СДС прават криминал, 6 години обвинителството и судството под нивна команда не смеат да отворат истрага и осудат луѓе од власта, и сега кога СДС и ДУИ знаат дека одат во опозиција и дека ќе одговараат менуваат закон и намалуваат казни.
СДС и ДУИ со измените во законот изгласаа амнестија за тендерите во четири очи, за матните зделки, наместените набавки, а во сето тоа им помогна Левица.
Апасиев е спотер секогаш кога на власта треба да и помине закон или криминал, тогаш глуми или патриот на батерии или загрижен политичар. Апасиев е само маша за протнување на сите криминали на СДС и ДУИ.
Али Ахмети и Димитар Ковачевски одлично функционираат со Димитар Апасиев, додека тие крадат, тој ја замајува јавноста. Но сите треба да знаат дека ќе одговараат, без разлика колку и амнестии да изгласаат.