Агонијата на 80 луѓе во поплавено село во Грција: Поминаа 24 часа без храна и вода, спасени се со трактор (ВИДЕО)

grcka poplava
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сцените  доаѓаат од Сотири во близина на Лариса во Грција, која беше поплавена по силните бури.

Вкупно 80 луѓе речиси еден ден поминале во мизерни услови и конечно се спасиле благодарение на иницијативата на приватно лице кое со трактор на количка ги превезело во блиското село.


Штом лошото време почна да го покажува своето диво расположение и го поплави споменатиот простор, мештаните, од кои 80-тина, главно стари лица и деца, ги напуштија куќите сместени на приземје и се преселиле во двокатната комунална зграда, пренесува Prototema.gr.

Таму заробените селани ноќта ја поминале без вода и храна, а на иницијатива на граѓанин од соседното село им биле донесени ќебиња и храна. Истата вечер луѓето од 5-та ЕМАК со чамци успеаја да ослободат дел, но десетици останаа.

А утредента, граѓанин со трактор им донел кроасани, кои сепак не биле доволни за бројот на луѓе, додека подоцна друг граѓанин со фармерско возило се обидел да ги пренесе до селото Арменио.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK