Коалицијата пред тест по измените на кривичниот законик: за ДОМ услов е борбата против корупцијата, а измените не одат во таа насока

Коалицијата-пред-тест-по-измените-на-кривичниот-законик-за-ДОМ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партиските тела на ДОМ ќе дискутираат за борбата против корупцијата – како нивен услов да бидат дел од владината коалиција, по изгласувањето на измените од Кривичниот законик со кои не се согласуваат и не ги поддржуваат.


„Има бурни реакции во јавноста. Ние и претходно зборувавме и како услов за останување на ДОМ во владината коалиција е борбата против корупцијата. Ќе го дискитираме ова прашање во рамки на партиските тела“, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ.

Таа кажа дека гласала „против“ предложениот Закон бидејќи смета дека овие измени кои што вчера се усвоија не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.

Нагласи дека за ДОМ е исклучително важно владеењето на правото.

„Мислам дека овие законски измени со намалување на казните за злоупотреба на службена должност, злосторничко здружување не одат во прилог на ефикасната борба против криминалот и не се прифатливи и затоа гласав ‘против’“, рече Moачанин.

Прашана дали постоел договор помеѓу власта и опозицијата за измените, таа одговори дека нема такви информации.

Морачанин смета дека за вакви законски решенија е потребна поширока јавна дебата со вклученост на експерти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK