Вчера околу 11.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот П.К. од Велес, удрило во 60-годишниот Т.Ч. од Велес, извести МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.