Приведени крадци во гостиварско, извршиле дваесетина тешки кражби

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 10.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода 18-годишниот Ј.М и 23-годишниот А.Д, двајцата од ова село, извести МВР.



– Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток…, велат од МВР

Тие се осомничени и за кражбата извршена на 04.09.2023, при што од штала сопственост на 49-годишниот А.А. од гостиварски Градец одзеле 48 овци, се додава во соопштението на МВР.

Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK