(Видео) Убиец избега од американски затвор: „Одеше како рак по ѕидот“

Видео-Убиец-избега-од-американски-затвор-„Одеше-како-рак-по.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Минатата недела осуден убиец избега од затвор во Пенсилванија. Данело Кавалканте (34) се качил меѓу два ѕида држејќи се за нив со рацете и нозете, а начинот на кој се качувал американските медиуми го опишаа како „одење на рак“.


Ова е огромен неуспех на овој американски казнено-поправен дом, со оглед на тоа дека на почетокот на годинава уште еден затвореник побегнал од затворот на ист начин. Вработени во затворот кажале дека жилет-жица била поставена по претходното бегство, но дека таа очигледно била неефикасна.

Вршителот на должноста управник на затворот во округот Честер, Хауард Холанд, на прес-конференција рече дека затворот ангажирал безбедносни консултанти по бегството на Игор Болте на 19 мај, кој на полицијата и рекол дека неговото искуство со качување по карпи му помогнало да избега.

„Иако верувавме дека нашите безбедносни методи се доволни, се докажа спротивното. И сега брзо ќе преминеме на понапредни безбедносни мерки“, рече Холанд.

Видеото објавено од затворот го покажува Кавалканте како „оди по ѕидот, низ жицата“, додаде Холанд, ставајќи ги рацете на едниот ѕид, а нозете на другиот ѕид за да се искачи. Откако стигнале до покривот, и двајцата затвореници можеле да се спуштат по скалата до нечуваниот дел од затворот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK