Припадници на Федералната полициска управа од утрово вршат претреси во реонот на Живиница, а според досегашните информации кај еден полицаец биле пронајдени дури четири килограми дрога, пренесуваат босанските медиуми.
Како што беше соопштено, полицаецот кај кого е пронајдена дрогата е вработен во Централната полициска станица во Тузла, а имало индиции дека бил инволвиран во незаконски активности од порано.
Акцијата во областа Живиница се спроведува по налог на Обвинителството на кантонот Тузла.
Официјално, тој се уште не е уапсен, но е приведен и е под кривична истрага.
Исто така, полицијата претресува сомнителни објекти во остатокот од Босна и Херцеговина.