Трајанов: Ова е срамна маска која треба да ја голтне јавноста дека нешто се синхронизира со ЕУ

Трајанов-Ова-е-срамна-маска-која-треба-да-ја-голтне.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната собраниска седница свое обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов кој што истакна дека со злоупотреба на ЕУ знаменцето се носат закони кои се маска за да се сокрие и маскира криминалот на власта.


„Пред нас е кривичниот законик, морам да искоментирам факти се злоупотребува ЕУ знаменцето, но се злоупотребува и основот зошто се носи овој закон, затоа што со законот се прави маска. Проблемот е што сите членови од 2 до 31 со исклучок на еден два се однесуваат на оваа проблематика. Тоа значи дека ќе се казнуваат подметнување на шумски пожари, дека ќе се казнува со затвор намерно девастирање и деградирање на природата, намерно злоупотребување на минерални суровини на води и т.н. дека ова се уредува дополнително. Проблемот е што во завршни одредби член 38 се вели ова нема да важи. Ќе важи шест месеци откако државата ќе влезе во ЕУ. Ова е срамна маска која треба да ја голтне јавноста дека нешто се синхронизира со европската унија“ нагласи Трајанов.

Трајанов посочи и дека на Македонија и требаат закони кои ќе важат веднаш, а не после неколку години за да се заштитиме од еколошките катастрофи.

„На нас ни требаат сега закони да си ја средиме екологијата, веднаш, не ни требаат после, во 2030 година. Скопје се гуши, Тетово се гуши, сите градови се гушат, од еколошки катастрофи и ние носиме уредби кои нема да важат, ќе важат некогаш и ова се носи за да се маскира криминалот“, посочи Трајанов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK