Стартува пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки

Women-Entrepreneurs-Apliciraj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отворено е пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за  жени претприемачки (AWE) во Република Северна Македонија. Наменета за студентки од завршните години на факултетите од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени-сопственички или менаџерки во областа на агробизнис и производство на храна, Академијата нуди платформа за поттикнување на претприемништвото и иновациите кај жените, овозможувајќи им да навлезат и напредуваат во бизнис води во кои традиционално доминираат мажите. Токму затоа годинава Академијата се фокусира на девојките и жените од гореспоменатите области.

Примарната цел на aкадемијата е да се  обезбеди знаење,  вмрежување,  пoтребно за да основа сопствен бизнис и да се развие постечкиот.



Станува збор за онлајн-програма за обука, во чиј центар е платформата DreamBuilder, која е развиена во партнерство помеѓу Thunderbird – школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и американската фондација Freeport-McMoRan. Програмата опфаќа основи на пишување бизнис план, продажба и маркетинг, обезбедување на финансирање, управување со ресурси и друго при што секоја учесничка креира и персонализиран бизнис план, употребувајќи корисни алатки и шаблони, кои им се на располагање и по завршување на Академијата.

По завршување на програмата секој учесник ќе има свој бизнис план, спремен за имплементација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK