Агенцијата за одземен имот, информира дека успешно ја спровела и реализирала продажбата на вкупно три одземени недвижности согласно Јавниот оглас за продажба на одземен имот, која се спроведе по пат на електронско јавно наддавање.
Станува збор, како што соопштуваат, за три недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков.
Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244. 000 евра, информираат од агенцијата.