Знамето на „Голема Албанија“ го веел Германец, полицијата го најде

Знамето-на-„Голема-Албанија-го-веел-Германец-полицијата-го-најде.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично- правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ.


По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин.

Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK