Димитров за предлогот за поблаги казни за функционерите: Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност

Димитров-за-предлогот-за-поблаги-казни-за-функционерите-Од-нема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу, објави на социјалните мрежи поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.



„Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сѐ “европско” ќе влезе во учебници“, реагира Димитров.

Измените, оценува тој, се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените, како што вели, нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела.

„Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност“, потенцира во напишаното на социјалните мрежи Димитров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK