МНТ со „Лaгата“ учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

МНТ-со-„Лaгата-учествува-на-31-ФКТ-„Ристо-Шишков.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот народен театар оваа година со претставата „Лагата“ ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.


Претставата е работена според текст на актуелениот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

„Лагата“ ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20:00 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, а во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сѐ голем пријател – Крсте С. Џидров. Џиби, како што го нарекувавме во театарскиот свет. Тој од 1984 до 2022 е автор на сценографии за 12 (дванаесет) претстави во МНТ, а токму претставата „ЛАГАТА“ е негова последна сценографска креација во овој театар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK