НЕМАЛО РЕД? Велат дека во Државава немало ред. Како немало ред? Треба да пријавиш промена на лични документи, те чека ред. Одиш на закажаниот термин, повторно ред.
Треба нешто електронски да нарачаш, пак ред. Одиш во поштата, повторно ред. Во големите продавници (да не се викаа „маркети“?) те чека ред. Ти треба специјалистички преглед, чекаш ред да се закаже термин. Таму, кај специјалистот, повторно ред. Ти требаат лекови, ред! И да скратам, каде и да одиш, што и да ти терба, секаде ред. А велат немало ред. Сешто!