АД ЕСМ извести дека е подготвено, по добиена дозвола од Град Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“. Од таму известуваат дека ќе бидат вложени максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.
„Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на почетокот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.
ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки, кои се веќе пренеси на локацијата“, се додава во соопштението на ЕСМ.