Динамо Загреб, не успеа да ја добие трката со времето за потписот на Аријан Адеми. Динамо не успеа да го заврши неговиот трансфер за да може да го регистрира за настап во Конференциската лига.
Сепак, во клубот се надеваат дека на крајот се ќе биде во ред, и дека ќе биде достапен за натпреварите во домашниот шампионат.
Како што пишува „Јутарњи лист“, на Динамо и онака му се поважни натпреварите во домашното првенство од оние во третото според ранг европско клупско натпреварување.
Во текот на вчерашниот ден, во клубот се надеваа дека до полноќ ќе успеат да го комплетираат трансферот, но пречка беше временската разлика со Кина, поради што завршните разговори беа прекинати.
Динамо е подготвен веднаш да го купи Адеми од Кинезите, за околу еден милион евра, односно за истата сума која ја зедоа од Кинезите за неговиот трансфер пред шест месеци. За да се врати во Динамо, Адеми би се откажал од дел од платата.
Поранешниот капитен, кој пред само половина година замина во кинески Пекинг Гуан, во моментов се наоѓа во Скопје на собирот на македонската репрезентација и ја чека расврската.
Според некои извори конкурент на Динамо му е турски Трабзонспор, на чија клупа седи Ненад Бјелица. Но, во „Максимир“ и натаму веруваат дека Адеми ќе се врати во синиот дом и дека ќе ги средат „ситните детали“ околу неговото враќање во Динамо.