Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2023 е инфлаторен, планиран на база на инфлација, наплатата се намалува, во делот на приходите ќе недостасуваат 300 милиони евра

kochoska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Ако ја погледнете фискалната стратегија, во однос на претходната ќе забележите дека во делот на даночните приходи дури имаме и намалување, за разлика од тоа имаме раст на придонесите во делот на наплата на приходи што повеќе од јасно кажува дека оваа Влада очигледно иднината ја гледа преку раст на плати, а во делот на даночните приходи никакви промени“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното гостување во „Интервју 24“ на Телевизија 24.

Таа додаде доколку се погледне Буџетот ќе се види дека околу 300 милиони евра ќе фалат во делот на приходите во однос на тоа што беше буџетирано.


„Во исто време спомнуваат дека имаат борба со сива економија, ќе воведуваат е фактура што би значело на некој начин намалување на сивата економија. Но ако ги погледнеме бројките и видиме дека даночните приходи малку ги намалуваат во однос на претходно тоа јасно кажува дека тие немаат воопшто никаков концепт за борба со сивата економија“, кажа Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека ДДВ-то за 2023-та година е со катастрофална наплата односно во суштина на исто ниво како со 2022-ра година и нема никакви промени.

„Проблемот укажува, ние и на почеток зборувавме дека Буџетот е исклучиво за 2023-та година планиран на база на инфлација и е инфлаторен и ништо повеќе од тоа. Во самата фискална стратегија зборуваат дека веќе потрошувачката кај населението се намалува, тоа е како резултат на високите цени и куповната моќ се намалува“, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа кажа дека доколку се планира поголема наплата на придонесите тогаш значи дека се очекува повисока инфлација па затоа платите да растат или пак е во прашање демографскиот проблем

„Ако планирате поголема наплата на придонесите во периодот што следи тоа значи дека или вие очекувате и понатаму висока инфлација па како резултат на тоа платите да растат или пак имаме друг проблем кој е реален проблем во Македонија, а тоа е демографскиот да кажеме се повеќе имаме иселување од Македонија и се помалку деца се раѓаат меѓутоа ако немате политика како да ги задржите младите и да го спречите иселувањето природно доаѓа до притисок и зголемување на платите“, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK