Во стилот на шарена револуција, демонстрантите на асфалтот пред Влада со црвена боја испишаа убијци и оставија отпечатоци од дланки. „Убијци“, крадци“ , „оставки“ се сканира пред Влада.
Ечат свирчиња и труби.
„Малку ли ви се 78 проценти покачување на плата па земате од народот и го убивате, не ли ви е срам?“, прашуваат демонстрантите.
Демонстрантите скандираат „Убијци, убијци“.
Групата демонстранти се собра пред владината зграда со транспаренти на кои се испишани пораки: „Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“, а бараат и оставки.
Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.
Организаторите на протестот претходно најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.
Од пред Владата, демонстрантите подоцна ќе се упатат и кон Министерството за здравство, од каде што ќе повикаат на одговорност.
Протестот можете да го следите во живо на „Макфакс“.