Дефанзивецот на панамската репрезентација Жилберто Ернандез почина откако беше застрелан во градот Колон во неделата, објавија локалните медиуми.
Ернандез (26) играше за Клубот Атлетико Индепендиенте де Ла Хорера во Панамската фудбалска лига, а забележа два настапи за националниот тим.
Локалните медиуми објавија дека Хернандез е убиен во престрелка во Барио Норте во градот Колон. Во тој судир се повредени уште седум лица.
Во соопштението во понеделникот националната полиција го потврди апсењето на осомничениот за убиството на фудбалерот.