Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, остро го критикуваше нивото на судење во Ла Лига. Според него, првенството не е доволно атрактивно и за тоа главни виновници се судиите.
„Ла Лига не е доволно атрактивна и напаѓачка. Судиите го убиваат првенството. Не очекував дека шпанските тимови не сакаат да играат фудбал“, изјави Левандовски во интервју за полското издание „Мечики“
Конечно, 35-годишниот ветеран призна дека годините почнуваат да го прават своето и веќе размислува да се откаже од полската репрезентација.
„Понекогаш заморот те погодува во последните 15 минути од натпреварот. Потоа треба да вложиш дополнителни напори за да останеш на исто ниво. Се ближи крајот за националниот тим“, изјави Левандовски.