Учествувал на музички фестивал и патем продавал дрога: Му нашле 100 таблети ЛСД, уапсен Србин во Аспровалта

Учествувал-на-музички-фестивал-и-патем-продавал-дрога-Му-нашле.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граѓанин на Србија (21) е уапсен во Аспровалта во Солун под сомнение дека се занимава со продажба на наркотици. Според грчките медиуми, полицијата на 31 август кај осомничениот млад човек пронашла дури 100 таблети халуциногена дрога ЛСД.



– Запленетите таблети ќе бидат испратени на вештачење во надлежната лабораторија на грчката полиција за да се утврди точниот хемиски состав, но според првите анализи се работи за ЛСД – велат извори на медиумите.

Грчкиот портал Вориа.гр пишува дека осомничениот Србин бил учесник на музички фестивал во околината на Аспровалта.

– По апсењето е упатен во обвинителството во Солун, каде тој ги отфрли обвинувањата против него – наведуваат изворите и додаваат дека се претпоставува дека овој млад човек им продавал синтетичка дрога на учесниците на фестивалот.

Инаку, во текот на летово грчката полиција уапси неколку српски државјани поради сомнение дека сториле разни кривични дела. Последни во низата се двајца млади момчиња на возраст од 18 и 21 година од Бујановац, а се сомничат дека малтретирале малолетничка (14) во Лефкада. Двајцата вчера по рочиштето беа пуштени да се бранат од слобода.

А на 16 август во Грција е приведен Србин (42). Тој е осомничен дека илегално превезувал мигранти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK