Реал денес ќе го отвори реновираниот „Сантијаго Бернабеу“

Реал-денес-ќе-го-отвори-реновираниот-„Сантијаго-Бернабеу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид од 16:15 часот ќе игра против Хетафе во четвртото коло од Ла Лига. Тоа е прв натпревар на Реал на домашен терен оваа сезона, а посебен е затоа што клубот денеска го отвора реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Проектот за реновирање чинеше 400 милиони евра и траеше три години.



Стадионот доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Покрај сето ова, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да редиа во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на трибината.

Тревникот на „Сантијаго Бернабеу“ во таа длабока комора ги има сите неопходни услови за да остане во совршена состојба; од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Особено привлечна е сцената на расклопување и склопување на стадионот. Стадионот има и видео екран од 360 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK