Лидерот на десничарската група „Прауд Бојс“ е осуден на 17 години затвор, една од најтешките казни за упадот на Капитол, објави Би-би-си.
Обвинителите велат дека ветеранот на американската армија Џо Бигс бил мозокот зад упадот на Конгресот на 6 јануари 2021 година.
Бигс побара од судот милост и изрази жалење за своите постапки.
Обвинителите изјавија дека Бигс, ветеран од војната во Ирак и автор на страницата за теорија на заговор „Инфоворс“, користел воени вештини за да управува и контролира голема група мажи под негова команда и да води бунт против владата.
Бигс се гледаше себеси и неговото движење како уште една американска револуција, во која тој и другите патриоти ќе ја преземат власта со сила, велат обвинителите.