Сијарто: Ги отфрламе и самите разговори за ново вооружување на Украина

Peter-Sijarto-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарија „ги отфрла и самите разговори“ за европско финансирање за натамошно вооружување на Украина додека Киев не ги врати правата на унгарското малцинство во Украина и не ја отстрани унгарската банка ОТП од листата на меѓународни спонзори на војната, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи.


Воената дебата повторно покажа дека треба повеќе да зборуваме за мир „бидејќи огромното мнозинство сè уште зборува за војна“, рече Петер Сијарто по неформалните состаноци на европските министри за надворешни работи во Толедо, Шпанија.

Мнозинството е за продолжување на вооружувањето, додаде Сијарто, објави неговото министерство.

Овој пристап и предлогот на ЕУ да издвојува пет милијарди евра годишно за воена помош во следните четири години покажа дека „сите сметаат на долготрајна војна“, продолжи министерот.

„За жал, денеска повторно бев единствениот кој зборуваше против тој пристап. Не сакаме уште четири години војна, сакаме да заврши што е можно поскоро“, истакна Сијарто.

Според него, Унгарија била под огромен притисок да гласа за нова транша од 500 милиони евра за испорака на оружје за Украина и пакет од 20 милијарди долари во следните четири години.

Тоа значи дека унгарските даночни обврзници ќе треба да дадат 210 милиони евра иако „воопшто не се одговорни за војната“, нагласи тој.

Унгарија одбива да разговара за овие предлози додека Украина не ја отстрани ОТП банката од листата на меѓународни спонзори на војната.

„Неверојатно е дека Унгарија се очекува да плати милиони евра од своите даночни обврзници за да ја вооружи Украина, а истата таа земја, банката со сметки на три милиони Унгарци ја нарекува меѓународен спонзор на војната“, посочи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK