ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на новинар од кадарот на Арсовска: Ова е срам за градоначалничката

„Најбогатиот Македонец обвинет за висока корупција, Арсовска заработи кривична, матичните книги пробиени“, матни настани на листата на „Транспаренси Македонија“ за јули
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ најжестоко го осудува „физичкиот напад од страна на раководителот на односи со јавност на Данела Арсовска врз новинар додека известувал за состојбите на градот“.


– Очекуваме оградување и јавно извинување на Арсовска, во спротивно ќе сметаме дека зад таквиот физички атак и попречување на работа на новинарите седи лично Арсовска под чија нарачка се врши линч на новинари. Наместо да се занимава со градот Арсовска нарачува и тепа новинари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е срам и брука за градоначалничката која добива срдечна, логистичка и политичка поддршка од Левица, Гром, СДСМ и ДУИ. Бараме и другите партии да се оградат и да побараат јавно извинување на Арсовска поради атакот врз новинарите“, додаваат од ВМРО-ДПМН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK