(Видео) Ангелов: Воспоставена е контрола врз пожарот меѓу Дојран и Богданци до границата со Грција

pozar-bogdanci-dojran-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарот што попладнево изби во близина на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, е ставен делумно под контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.


– Горат уште два крака. Благодарение на одличното дејство на ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, но и на пожарникарите на Дојран и Гевгелија кои спречија да се прошири огнот кон полето затоа што сувата трева и ветерот, овозможуваат брзо ширење. Пожарот е делумно под контрола, кажа директорот на ЦУК.

Како што објасни Ангелов, пожарот се наоѓа на линија на фронтот од Првата светска војна и досега се слушнати повеќе од 20 детонации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK