Шампионот на Франција и убедливо најбогат клуб во оваа земја, Пари Сен Жермен е на добар пат да го официјализира десеттото засилување во летниот преоден рок.
Останува само 20.. годишниот Бредли Баркола да ги помине медицинските прегледи за да се пресели од Олимпик Лион во редовите на ПСЖ.
Доколку се оди според планираното, „светците“ за неговиот трансфер ќе одвојат 45.000.000 евра, а Баркола ќе потпише петгодишен договор со новиот клуб.
Пред Баркола во Париз пристигнаа дури девет нови играчи. Во прашање се Мануел Угарте, Усман Дембеле, Лукас Ернандез, Канг-Ин Ли, Чави Симонс (веќе испратен на позајмица во Лајпциг), Гонзало Рамос, Милан Шкриниар, Марко Асенсио, Арнау Теанас и Шер Ндур.
Од клубот си заминаа големите ѕвезди Лионел Меси и Нејмар, а до крајот на преодниот рок, ПСЖ ќе го напушти и Марко Верати.