Нуњес на чекор до трансфер во Сити

3722269_1_seoimage4x3_2583573.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Челниците на Вулверхемптон и Манчестер сити го договориле трансферот на португалскиот фудбалер Матеус Нуњес во редовите на актуелниот шампион во Премиер лигата.


Манчестер сити се согласи да плати отштета од 53 милиони фунти за Нунес.

Британските медиуми потсетуваат дека вербалниот договор бил 47 милиони фунти.

Сепак, двата клуба се договориле трансферот да изнесува 53 милиони фунти, но со различна ќе биде динамиката на исплатата.

Вулверхемптон ќе има право на 10 отсто од следниот трансфер на португалскиот фудбалер.

Нуњес доби дозвола да отпатува во Манчестер на лекарски прегледи, по што ќе потпише повеќегодишен договор со „граѓаните“.

„Скај Спортс“ објави дека двата клуба постигнале посебен договор со Томи Дојл од Манчестер сити кој кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK