Момче погодено од гром во Италија, лекарите се борат за неговиот живот

fgd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Момче (12) вчера попладнето било погодено од гром додека било во кампот Селдит на италијанскиот брег на Јадранот и моментално е хоспитализирано во болница во општина Абруцо, каде лекарите се борат за неговиот живот.


Според италијанските медиуми, момчето доживеало срцев удар. Инцидентот се случил во момент кога момчето требало да оди на фудбалски тренинг заедно со соиграчите.

За неколку минути пристигнала брза помош, а лекарите успеале да направат реанимација, пренесува Index.hr.

12-годишното момче, по потекло од Киети Скала, е во тешка состојба во болницата Анунзијата во Киети и може да биде префрлено во болница во Пескара.

„Штом ја слушнав веста, се јавив на дежурниот менаџер за итни случаи, др. Емануел Тафури, кој ми кажа дека ситуацијата е многу критична. Детето моментално е интубирано, се уште не се освестило и најверојатно ќе биде префрлено во болница во Пескара на реанимација“, изјави Диего Ферара, градоначалник на Киети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK