–>

(Видео) Најмалку 73 загинати во пожарот во Јоханесбург, властите очекуваат да се искачи бројката на загинати

43c935d5-d71e-4b35-a9f2-592645e740ef-e1693473876266.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK





Најмалку 73 лица загинаа, а повеќе од 52 се повредени во пожарот што зафати станбен комплекс во Јоханесбург, соопштија јужноафриканските власти.

Надлежните изјавија дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во петкатницата во центарот на градот.

Портпаролот на итната помош Роберт Мулауџи објави дека на местото на настанот им била укажана помош на неколку лица, а некои се пренесени во здравствените установи.

Мулауџи рече и дека е во тек потрагата по лица кои биле во зградата и додаде дека најверојатно бројот на загинати ќе се зголеми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK