Односот што министерот за внатрешни Оливер Спасовски го има кон случајот во кој командир поставен лично од него, како и полициски службеници, воени лица и цивили дивеат со огнено оружје во центарот на земјата членка на НАТО, е уште една потврда зошто Македонија се вбројува во државите кои имаат “хибриден режим”.
Имено:
1. Ако МВР не е во состојба (поради неспособност) или свесно избегнува (поради корупција) да го пронајде автоматското оружје – едно или повеќе, со кои службени лица предизвикуваа општа опасност пукајќи пред толпа граѓани за што казната е затвор до 5 години,
2. Ако не се повикуваат ниту на разговор лицата кои употребиле огнено оружје (воени лица и цивили), а за кои постои подолг видео запис што го има во МВР и истиот е “заклучен во фиока” кај еден од началниците,
3. Ако кршењето на законите од страна на службени полициски и воени лица се одвива пред очите на лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото го прикрило настанот, т.е. поради корумпираност ја злоупотребило службената позиција,
4. Ако министерот за внатрешни не презема мерки преку внатрешна контрола да ги утврди пропустите во постапувањето по случајот како и да ја утврди одговорноста на неговиот советник и неуспешен кандидат за градоначалник кој вршел притисоци во надлежната полициска станица да се забошоти случајот,
тогаш станува јасно дека во највисокото раководство на МВР, почнувајќи од Министерот Спасовски па надолу, постои голема корупција и непрофесионализам кои директно се одразуваат на безбедноста на граѓаните.
Министерот за внатрешни поради сите нерасветлени убиства по улиците и локалите низ државата, преплавеноста на Македонија со дрога во чија трговија се вклучени и началници и командири на МВР, кражбите на оружје и муниција од магацини на МВР, кражби на масло за марихуана по неколку пати од исто место (!), стимулирањето и помагањето на организираниот криминал преку издавање на пасоши на лица од потерници на Интерпол, деградирањето и понижувањето на професионалците и стручните лица во МВР кои не се согласуваат со башибозукот кој го наметнува со доаѓањето во МВР во 2015, досега требаше да си даде оставка и да биде повикан во ЈО за свесното уништување на безбедносниот систем.
Со вакви корумпирани и непрофесионални структури кои го раководат Министерството за внатрешни, Македонија нема да мрдне ниту чекор напред кон ЕУ.
извор: ВМРО-ДПМНЕ