Османи поклонува 1.8 милиони евра државни пари на најголемиот донатор на ДУИ, Еуровиа ДООЕЛ и Адеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека најголемиот донатор на ДУИ, фирмата Еуровиа ДООЕЛ на поклон од Бујар Османи ќе добие 1.8 милиони евра државни пари.


„1.8 милиони евра преку МНР, Бујар Османи му дава на внукот на Абдулаќим Адеми, Елмедин Адеми преку фирмата Еуровиа ДООЕЛ, за адаптација на спортскиот центар Борис Трајковски. Според податоците од Бирото за јавни набавки за само една година, од 2021 до 2022 има пораст од над 100% односно приходот во 2021 година изнесувал 7,4 милиони евра, а веќе следната година скоро 15 милиони евра. Додека во дел на профитот, состојбата на фирмата на Елмедин Адеми, исто така оди во нагорна линија, особено во последните две години, односно профитот во 2021 година бил 576 илјади евра, а веќе во 2022 година 787 илјади евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат, наместо Османи да лаже и да се заплеткува во сопствените лаги, веднаш да го раскине договорот.

„Додека Елмедин Адеми зема народни пари, Бујар Османи се прави наудрен, знаел дека Адеми и фирмата Еуровиа ДООЕЛ дека се најголеми донатори на ДУИ, па потоа не знаел. Времето на крадење на Османи и ДУИ завршува. Следува одговорност и ревизија на сите криминални тендери на ДУИ поддржани од СДС. Секој денар кој што го украл ДУИ и СДС ќе биде вратен назад кај граѓаните ДУИзацијата на државата набрзо ќе заврши“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK