Партнерот на италијанската премиерка сугерираше дека жените можат да избегнат силување ако се трезни, јавноста реагира

meloni-andrea.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партнерот на италијанската премиерка Џорџа Мелони, Андреа Џанбруно, предизвика бура во италијанската јавност со изјава во која сугерираше дека жените можат да избегнат силување доколку останат трезни.


Џанбруно, познат новинар, ги даде коментарите на неговото телевизиско шоу Diario del giorno на десничарскиот канал Rete 4.

„Ако одите да танцувате, имате целосно право да се опиете, но ако избегнете опивање и онесвестување, можеби ќе избегнете проблеми“, рече тој во шоуто во понеделникот вечерта, во контекст на недамнешните наводни групни силувања во близина на Неапол и Палермо, пренесува „Анса“.

Џанбруно, кој има седумгодишна ќерка со Мелони, се согласи со уредникот на десничарскиот весник Либеро, Пјетро Сеналди, кој рече „ако сакате да избегнете силување, пред сè, не губете свест, бидете паметни“.

Сепак и двајцата остро ги осудија силувачите кои ги нарекоа „волци“.

Коментарите на Џамбруно предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, чии корисници го изразија своето незадоволство поради, како што велат, неговото обвинување за жртвите.

Левичарската опозициска Демократска партија (ПД) ја повика Мелони да се дистанцира од коментарите на нејзиниот партнер.

Џанбруно рече дека неговите коментари биле извадени од контекст за да се создаде „надреална контроверзија“.

„Не реков дека мажите можат слободно да силуваат жени кои се пијани. Некои политичари скокаат на лажниот наслов и бараат моја суспензија, но поради која причина? Затоа што им кажав на младите да не се дрогираат“. изјави за „Кориере дела сера“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK