Авокадото е достапно во продавниците во текот на целата година, спаѓа во најпопуларните овошја. Неговиот вкус е невпечатливо благ и има пријатна арома. Истражувањата покажале дека поради својот хранлив состав авокадото може да обезбеди подолго чувство на ситост и со негова помош да ја оддржувате вашата телесна маса.
Купувајте плодови со средна големина, целосно узреани и со пријатна арома.
Бидејќи авокадото лесно со комбинира во солени и благи јадења со вас ќе споделиме рецепт за исклучително здрав појадок за кој се потребни само: интегрален леб, авокадо, малку лимонов сок, сол, пршута, рукола и маслиново масло.
За почеток лебот треба да се премачка со маслиново масло и сок од лимон и да се стави на тостер за малку да се загрее.
За тоа време треба да го спремите авокадото. По желба може да одлучите дали да биде испасирано и да му додадете малку лимон или само да го исечете на кришки.
На загреаното лепче ставете прво од авокадото, а потоа додадете ги пршутата и сецканите листови рукола. Слободно може да се препуштите на креативноста и да експериментирате со дадавање на намирници според вашиот вкус.
На овој начин ќе добиете здрав оброк кој не одзема многу време за подготовка, а обезбедува доволна количина на здрави масти кои може да го подобрат нашето здравје.
М. Кизова