Откако падна довербата и се наруши кредибилитет на Судскиот совет, одлучив да не учествувам на седниците, вели Лога

337507695_609312857743460_2199888737123568459_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред гласањето за дневниот ред членовите на Судскиот совет побараа да се истакне дека министерот за правда Кренар Лога и претседателот на Врховен суд Беса Адеми никогаш не доаѓаат на седниците на Судски совет и не испраќаат информација со која го оправдуваат отсуството. Министерот за правда Кренар Лога вели дека во изминатите години, неколку министри за правда не присуствувале на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда по службена должност во ова тело.


„Веднаш по стапувањето на функцијата министер, го известив Судскиот совет и побарав да се почитува препораката на ГРЕКО и да се интервенира во Уставот со бришење на оваа одредба, во спротивно најавив дека ќе присуствувам на сите седници на Судскиот совет на кои имам право како член по функција затоа што Уставот мора да се почитува. Со писмен допис го информирав Судскиот совет да направи разграничување на седниците и да ме информира за оние на кои можам да присуствувам . Како што е наведено во Законот,членовите на Советот по функција не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд“, вели Лога.

Како што додава, присуството на министерот за правда на седници, без право на глас не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет.

„Со оглед на тоа што во последниот период се случија низа нерегуларности во работењето на ова тело каде во голема мера се наруши кредибилитетот на неговите членови а довербата на јавноста се сведе на најниско ниво, како и посeтата на Оценската мисија на ЕУ која ја скенираше состојбата во Судскиот совет по низата скандали и превирања,одлучив да не присуствувам на седниците исто како што тоа го правеа моите претходници“, додаде Лога.

Пред гласањето за дневниот ред членовите на Судскиот совет побараа да се истакне дека министерот за правда Кренар Лога и претседателот на Врховен суд Беса Адеми никогаш не доаѓаат на седниците на Судски совет и не испраќаат информација со која го оправдуваат отсуството.

Претходно на седницата на Судскиот совет судијата Ивица Николовски истакна дека министерот Лога е член по функција, но тој не доаѓа и не придонесува за работата на Судскиот совет, иако тоа му е должност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK