Ураганот Идалија зајакна, ситуацијата е опасна

uragan-idalija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Опасниот ураган Идалија, кој достигна јачина од 4 категорија (од максимум 5), се движи кон Флорида и се очекува да стигне денеска до копно. Веќе предизвика прекин на електрична енергија за речиси 60.000 корисници, а се очекува да донесе значителни поплави и невреме.


Ураганот моментално се наоѓа на околу 97 километри западно од Седар Ки и 145 километри јужно од Талахаси. Ураганот е на пат кон копното, каде што ќе стигне во регионот Биг Бенд на Флорида. Веќе се забележани прекини на струја во окрузите Тејлор, Дикси и Леви.

Идалија брзо зајакна во изминатите 24 часа, а ветровите се зголемија за 88,5 километри на час. Тој стана ураган од четврта категорија со максимални постојани ветрови од 209 километри на час.

Се очекува Идалија да донесе значителни бури и да предизвика издигнување на морињата меѓу 1,2 и 1,5 метри во заливот Тампа. Наскоро треба да одржи прес-конференција гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

Исто така, издадено е предупредување за торнадо за речиси 12 милиони луѓе низ централна и северна Флорида и југоисточна Џорџија. Жителите се предупредуваат сериозно да ја сфатат ситуацијата бидејќи ќе дојде момент кога службите за итни случаи повеќе нема да можат да пружат помош. Веќе се пријавени проблеми со пристапот до некои евакуирани области.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK