Принцот Хари се жали од кралското семејство во новиот документарец

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се чини дека принцот Хари повторно го критикува кралското семејство во новиот документарец на „Нетфликс, каде вели дека немал никаква поддршка по враќањето од Авганистан.


Принцот тврди дека немал поддршка по враќањето од службата во Авганистан и дека неговата траума никогаш не била дискутирана, што е уште еден очигледен удар врз кралското семејство додека новата серија Heart Of Invictus денес почна да се емитува на „Нетфликс“, пишуваат британски медиуми.

Војводата од Сасекс е во првите редови на документарецот од пет дела, а неговата сопруга Меган Маркл се појавува само накусо во неколку сцени каде што го поддржува.

Хари, исто така, вели дека не бил свесен за траумата што ја имал од смртта на неговата мајка принцезата Дијана во Париз во август 1997 година, кога тој имал само 12 години.

Понатаму, Хари открива дека кога се вратил од војната во 2008 година, негова најголема битка било тоа што никој околу него не можел да помогне. „Јас ја немав таа структура за поддршка, таа мрежа или тој стручен совет за да идентификувам што всушност се случува со мене.“

„За жал, како и повеќето од нас, првиот пат кога размислувате за терапија е кога лежите на подот во положба на фетус, веројатно посакувајќи да сте се позанимавале со некои од овие работи претходно. И тоа е она што навистина сакам да го променам,“ вели тој во документарецот.

Во првата епизода од најновиот проект на Сасекси, кој почна да се емитува денес наутро, Хари се опиша себеси како татко на две деца, сопственик на кучиња, и сопруг.

На почетокот, интервјуерот го прашува војводата од Сасекс: „Како се викаш?“, а тој  одговори: „Се викам Хари“. Потоа интервјуерот рече: „Со што се занимаваш, Хари?“

Хари рече: „Што правам во секој даден ден? Јас сум татко на две деца помали од три години, имам неколку кучиња, јас сум сопруг, основач на фондацијата ‘Инвиктус гејмс’. Има многу шешири за носење, но верувам дека денес сè е во знак на ‘Инвиктус’.

Хари е извршен продуцент на серијата, дел од договорот меѓу Сасекси и „Нетфликс“ вреден 80 милиони фунти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK