Ромелу Лукаку ги помина медицинските тестови во Рома и сега се чека само официјална потврда дека до крајот на сезоната ќе настапува во римскиот клуб под водство на Жозе Мурињо. Рома ќе плати пет милиони евра за неговата позајмица од Челси, а Лукаку се согласи на намалување на платата и се очекува оваа сезона наместо 12 милиони да заработи 7,5 милиони евра.
Италијанските медиуми открија и како Жозе Мурињо го наговорил Лукаку да дојде во Рома.
Двајцата работеа заедно во Челси, а клучен за новата соработка се покажал телефонскиот повик во кој Мурињо му објасни на Лукаку како се вклопува во неговата визија за тимот.
„Имаме добар тим, само ни недостасува шампион во него“, му рекол Мурињо на Лукаку и го „купил“ да дојде во Рома.
Лукаку одигра вкупно 97 натпревари во Серија А во дресот на Интер. На нив постигна 57 гола и забележа 18 асистенции.