Поддршката за уставните измени не значи гласање за или против Владата, туку значи поддршка за Македонија, вели Петровска

1693390548_8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Министерството се сретна со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, со која разговараше за македонско-канадската одбранбена соработка, како и посветеноста на двете земји во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учество во мултинационалните сили на Алијансата на источното крило.


„Руската агресија врз Украина и целосното непочитување на воспоставениот меѓународен правен поредок ни покажа дека мораме постојано да бидеме будни и посветени на одбраната на нашите вредности – нашата демократија, слобода и сувереност. Благодарност до нашите канадски сојузници под чие водство припадниците на македонската Армија и останатите сојузници во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, ја зацврстуваат безбедноста на сите членки на НАТО“, рече Петровска.

Канадската министерка за надворешни работи, Жоли истакна дека Канада високо го цени учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Латвија и порача дека тие се значаен дел од колективната безбедност на Алијансата и сигурноста на сите земји-членки.

Жоли потенцираше дека Канада иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија, како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот и за понатамошен развој на трансатлантската соработка. Жоли го поздрави ставот на министерката дека уставните измени неодложно треба да се донесат бидејќи претставуваат потврда на мултикултурализмот во земјата, а Канада како мултикултурна држава тоа го разбира и поддржува. Поддршката за уставните измени не значи гласање за или против Владата, туку значи поддршка за Македонија – рече Петровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK