Знаци кои укажуваат дека сте во нездрава, токсична врска

semejno-nasilstvo1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Постојат многу примери на однесување кои се показател за токсична врска.

Честопати се случува во врската со партнерот да се чувствуваме збунето како резултат на контрадикторноста на постапките кои може да значат манипулација. Доколку почувствувате дека не можете да бидете автентични и свои, дека би биле погрешно сфатени доколку кажете што навистина мислите и не се чувствувате сигурно тоа значи дека партнерот има поголема моќ над вас со тоа што прави да се сомневате во себе и ја гуши вашата индивидуалност и самодоверба.


Постојат некои особини кои наликуваат на љубов, но всушност токму тие ве држат во заблуда.

Контрола
Кога се работи за облик на манипулација, тогаш вниманието, пораките, повиците се многу интензивни. Вашиот партнер ќе се обидува да ве убеди дека тоа го прави затоа што вие сте многу значајна личност за него, но нагласената контрола е вознемирувачка и штетна за врската. За таа цел обидете се да поставите граници, на тој начин ќе одбиете да учествувате во манипулацијата.

Партнертот секогаш очекува вие да се прилагодите на неговите потреби
Можеби ќе се чувствувате виновни затоа што не го прифаќате парнерот онаков каков што е, но тоа може да биде искривена реалност. Правењето компромиси е составен дел од врската. Доколку кај партнерот недостасува флексибилност тоа е знак дека треба да вклучите аларм и повторно да согледате дали вашиот партнер е фер и што прави за двајцата да бидете среќни и исполнети во врската.

Бурно „решавање“ на недоразбирањата
Црвено знаменце веднаш кога ќе бидете навредени, уценети или удрени. Останете смирени и сигурни во себе, побарајте поддршка доколку ви е потребна. Во функционална врска, партнерите се обидуваат да најдат заеднички јазик преку разговор и сослушување па ако почувствувате непријатност кога треба да разговарате со партнерот за нешто што треба заеднички да го решите тоа можеби е знак дека сте во врска со манипулативна личност.

Запомнете дека иако процесот на раскинување со манипулатор ќе биде тежок затоа што врската може да создаде долгорочни ефекти врз менталното здравје, вие сте личност која заслужува да биде почитувана, смирена, прифатена, своја и сакана.

M.Кизова

фото: архива

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK