Српски автобус кој се враќал од Грција бил нападнат од група малолетници кои фрлале камења кон возилото кај надвозник во Македонија, известуваат српските медиуми.
Како што пишуваат, нема повредени, но сите патници биле под стрес, особено децата кои биле во автобусот.
„Вечерва на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме гаѓани со камен право во стаклото кај возачот. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Ние подоцна беа известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и дека ова е често. Ете само да го укажам на возачите да внимаваат при минување под надвозникот низ Македонија“, пишува на фејсбук страницата „Лајв фром Грис“.