СДСМ: Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, отворена врата за ЕУ е историска шанса

sdsm-i-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отворената врата кон Европската унија претставува историска шанса за реализација на стратешката цел на државата и на граѓаните, велат од партијата на власт.


По 10 години, во ЕУ, како што оценуваат од СДСМ, првпат се зборува за временска одредница за следното проширување.

„Во наредните месеци ЕУ треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила.

Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2030 година да стане полноправна членка на ЕУ.

Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата.

Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина“, додаваат од СДСМ.

Според нив, блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени.

Потребно е, како што велат, усвојување на важни, државнички одлуки за реазлиација на оваа стратешка цел.

„Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото.

Граѓаните се за интеграција, а не за изолација, сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“, се потенцира во соопштението од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK